ОФИЦИЈАЛНО: Челси го привлече Лукаку во најголемиот трансфер во историјата на клубот

од Vladimir Zorba

Ромелу Лукаку премина од Интер во Челси, официјално потврди англискиот клуб. Лукаку пристигна во Челси за 115 милиони евра како компензација, што е најголемиот дојдовен трансфер во историјата на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Ова е втор претстој на Лукаку во Челси, бидејќи имаше договор со лондонскиот клуб од 2011 до 2014 година, но поголемиот дел од времето го помина на позајмица во Вест Бромвич Албион и Евертон.

Тој успеа да одигра само 15 натпревари за Челси, но никогаш не постигна гол. Сега се очекува тој со своите голови да го врати Челси на врвот на англискиот фудбал. Лондонскиот клуб ја освои Лигата на шампионите минатата година, но не ја освоил Премиер лигата од 2017 година.

Белгискиот напаѓач потпиша за Интер летото 2019 година, кога пристигна од Манчестер Јунајтед за 74 милиони евра. Во дресот на Интер, тој постигна 64 голови на 95 настапи во сите натпреварувања и беше еден од клучните играчи за освојување на титулата во Серија „А“, која клубот од Милано ја чека од 2010 година.

Лукаку претходно играше за Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“, тој постигна 42 гола на 96 настапи.

Поголемиот дел од својата професионална кариера ја мина во Евертон, каде помина една сезона на позајмица, а потоа уште три сезони како играч на тој клуб. Во дресот на тимот од Гудисон одигра 166 натпревари, на кои 87 пати ја затресе мрежата.

Тој го сврте вниманието кон себе како 16-годишник, кога ги тресеше противничките мрежи играјќи за првиот тим на Андерлехт, со кого ја освои титулата белгиски шампион во 2010 година и со 15 гола го носеше епитетот најдобар стрелец на првенството.

Затоа Челси го доведе во 2011 година за 15 милиони евра, иако имаше само 18 години.

Лукаку постигна 64 голови на 98 настапи за репрезентацијата на Белгија и убедливо е најдобар стрелец во нејзната историја. Втор на листата е Еден Азар кој постигна 32 гола, половина повеќе од новиот напаѓач на Челси.

Слични содржини