Ограбена банка во Скопје

од Nikola Popovski

Утрово била ограбена банка во скопската населба Илинден. Според првичните информации, во банката влегол маскиран и вооружен разбојник. Се претпоставува дека е одземена голема сума на пари.

-Во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во нас.Илинден – Скопје едно лице со закана со пиштол кон еден од вработените одзело пари, соопштија од МВР.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот. Се трага по сторителот.

Слични содржини