ОИ Токио: Македонија претставена како самурајот Манчевски, кој обожава ќебапи и мусака!

од Nikola Popovski

Јапонците како организатори на Летните олимписки игри го прикажуваат духот на Игрите и јапонската култура цртајќи ги знамињата на земјите што ќе се натпреваруваат налик на самурај. Така и Македонија доби свој херој.

Јапонските уметници на самурајот, кој го нарекле Манчевски, му ставиле дел од знамето на градниот оклоп на „самурајот“, а го облекле и во чизми кои сметале дека би одговарале на традиционален воин од земјава.

„Тој висок 182 цм, најмногу сака да јаде ќебапи и мусака. Негова јака страна се независноста и лидерството. Тој е пријателски настроен кон сите“, вака е опишан нашиот самурај.

Според Камаја Јамамото, главниот уметник во цртањето на самураите, се земени во предвид историјата на знамето на една земја, како и неговите бои и дизајн. Направено е и кратко истражување на културата која се претставува, па секој самурај, односно знаме, доаѓа со кратки лични карактеристики, силни и слаби страни – слично како карактер од видео игра.

 

Слични содржини