ОЈО има отворено два случаја за стечајот на Еуростандард

од Берта Китинска

За време на Надзорната расправа во Комисијата за финансирање и буџет, државниот обвинител Љубомир Јовески соопшти дека Основното јавно обвинителство има отворено два случаја за стечајот на Еуростандард банка.

Државниот обвинител  истакна дека ќе бидат истражени сите лица за кои доказите и фактите ќе покажат дека се вмешани во стечајот на банката.

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка обвинуваат дека надлежните во банката дозволиле со години да бидат доделувани кредити, без при тоа да има навремена исплата на ратите за истите. Тие велат дека на крајот оштетени се токму тие – физички и правни лица депоненти на банката, чии средства, како што нагласуваат, им се украдени.

Слични содржини