Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

од Aleksandar Petrovski

Челниците на НБА лигата во текот на вчерашниот ден имаа средба со претставниците на клубовите на која се разговараше за почетокот и форматот на сезоната 20/21.

Претставниците на тимовите дојдоа до заклучок дека регуларната сезона треба да се започне што е можно порано и во скратен формат за да се врати во вообичаениот распоред во рок од една година, почнувајќи од октомври.

Според одличниот познавач на состојбите во НБА, Адријан Војнаровски, една од жртвите на густиот распоред на претстојната сезона најверојатно ќе биде Ол-стар викендот во Индијанаполис во 2021 година. Конечната одлука сè уште не е донесена.

Слични содржини