ОМО Илинден-Пирин: Нашиот клуб двапати беше искршен, немаше истрага од бугарската полиција

од Nikola Popovski

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин реагираше на палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михалов“ во Битола. Според нив, постои разлика меѓу Македонија и Бугарија во однос на ова прашање и насилството врз нивниот клуб во бугарскиот град Гоце Делчев.

-Пред неколку дена беше запален влезот бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Настанот беше одразен во медиумите, актот беше осуден од македонските власти на владино ниво, веднаш беше започната истрага и за само неколку дена осомничениот е уапсен и притворен.

Во 2007 и 2008 г. на два пати беше напаѓан клубот на ОМО „Илинден“-ПИРИН во градот Гоце Делчев – скршени стакла, исцртани свастики и др. Полицијата одби да започне истрага зашто штетата не била доволно голема, медиумите не соопштија за настанот, властите не го осудија вандализмот и се разбира никој не беше казнет, стои во кратката реакција на ОМО Илинден-Пирин.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека лицето Љ.А. (34) е осомничено дека го запалило бугарскиот културен центар.

„Со задоволство можам да соопштам брзо и ефикасно разрешување на случајот од пред три дена со кривично-правниот настан – пожарот во центарот ’Иван Михајлов’ во Битола, кој веќе е расчистен и имаме приведено лице кое го призна на делото“, информира денеска Спасовски.

Според информациите, уапсениот е пејачот Ламбе Алабаковски.

Слични содржини