📸Опериран Закерберг

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг денеска објави дека бил опериран по кинење на лигаментите на коленото за време на ММА тренинг.

Закерберг објави фотографија од болница на Инстаграм и објасни дека тренирал за ММА борба на која требало да учествува на почетокот на следната година, но сега „ќе ја одложи малку“.

„Сè уште со нетрпение очекувам да го направам тоа откако ќе закрепнам. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“, рече Закерберг.

Слични содржини