Општина Аеродром упати благодарност до ПР-от на ВМРО-ДПМНЕ

од Andreja Salpe

Општина Аеродром изрази благодарност до медиумите и ВМРО – ДПМНЕ , затоа што со особен интерес ги следат проектите што секојдневно ги работи и ги елаборира општината.

,,Просто за неверување, но вистинит е фактот дека и медиумите и ВМРО-ДПМНЕ со особен интерес ги следат низата развојни проекти што секојдневно ги работи и ги елаборира Општина Аеродром. Сето ова навистина импонира. Затоа настојуваме покрај развојните проекти, во преден план да биде транспарентноста во работењето како основна европска вредност.  Токму затоа се одваживме да бидеме прва државна институција што на најтранспарентен начин ги распределила потенцијалните субвенции за набавка на мобилни апарати за потребите на општинската администрација, советниците и градоначалникот на општината. Oваа можност ја определивме како соодветна бенефиција што кореспондира со хиерархиското работно место и бројот на извршители на таа позиција. И воопшто не згрешивме. Тој што сакаше да го разбере моментот на јавност и отчетност во работењето, го поздрави овој „пионерски“ чекор кон воведување европски стандарди и вредности во работењето. На оние што сè уште не се во состојба да разберат дека мобилните телефонски апарати (коишто патем општината ги добива „гратис“ како соодветна субвенција низ квалитетно спроведена јавна набавка за мобилни услуги) претставуваат основно средство за работа, очекувано дека ќе им треба дополнително време да ја прифатат реалноста на современото живеење и деловно работење”, стои во соопштението

 

 

Слични содржини