Орбан се обиде да ја бакне раката на молдавската претседателка, а потоа беше посрамен (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Унгарскиот претседател Виктор Орбан во четвртокот учествуваше на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, а на социјалните мрежи сега се прошири кратко видео на кое се гледа непријатноста што ја доживеа Орбан таму.

Имено, по пристигнувањето, тој во замокот Мими во Булбоака беше примен од претседателката на Молдавија, Маја Санду, чија рака Орбан се обиде да ја бакне. Но таа го одби.

На видеото кое се прошири на мрежите се гледа дека Орбан во тој момент бил прилично збунет.

Тешко е да се погоди точната причина зошто Санду реши да го одбие бакнежот на Орбан, но можно е да се работи и за нивните прилично очигледни политички разлики, вклучувајќи го и прашањето за војната во Украина и поддршката на Унгарецот за Владимир Путин.

Слични содржини