Орбан: Украина е ничија земја, едноставно треба да престане да се бори

од Stefanija Kuzmanovska

Додека украинските знамиња се веат во европските метрополи, билбордите против санкциите против Русија се насекаде низ главниот град на една земја од ЕУ.

Станува збор за главниот град на Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан отворено ја доведува во прашање способноста на Украина да функционира како независна држава, со оглед на износот на воена и финансиска помош што ја добива од Запад.

Според добро познатиот став на Орбан, Русија веќе успеала бидејќи санкциите што ѝ се воведени не ѝ наштетиле, додека според него Украина се претворила во „неуправувана руина“.

„Сега е Авганистан, Путин нема да загуби и времето е на страната на Русија, а Украина е ничија земја“, беше многу јасен Орбан, што е сосема спротивно од она што го кажуваат неговите колеги од Унијата, на која ѝ припаѓа и самата Унгарија.

И додека западните сојузници ѝ снабдуваат се повеќе оружје на Украина, Унгарија, од друга страна, тврди дека Украина едноставно треба да престане да се бори.

Слични содржини