Ореви – здрава ужина, но и калорична

од Stefanija Kuzmanovska

Оревите се многу калорични, но студиите покажуваат дека енергијата што се апсорбира од нив е за 21 процент помала отколку што би се очекувало врз основа на хранливите материи кои ги содржат. Консумирањето ореви дури може да помогне и во контролата на апетитот.

Оревите се доста калорични, но во помали количини многу здрави. Богати се со омега-3 масни киселини кои благотворно делуваат на крвните садови и ја подобруваат меморијата бидејќи влијаат на создавањето на невротрансмитери неопходни за функцијата на мозокот. Ги намалуваат различните воспаленија во телото и ги релаксираат крвните садови.

Иако е познато дека го намалува лошиот холестерол и го намалува метаболичкиот синдром, се покажа дека го подобрува спиењето кај оние кои работат ноќни смени.

На многумина им е најдобро познат како состојка во традиционалната пита со ореви, но е и одличен додаток на солените јадења и сосови.

Од сите други јаткасти плодови, оревите содржат најмногу антиоксиданси, здрави влакна, протеини, витамини и минерали. Иако многумина веруваат дека оревите додаваат тежина, оревите содржат здрави полинезаситени и мононезаситени масти, кои не ги затнуваат крвните садови како заситените масти.

Различни воспаленија во телото се предизвикувачи на болести, полифенолите во оревите можат да помогнат во борбата против овој оксидативен стрес и воспаленијата.

Корисните бактерии во цревата ги претвораат елагитанините во соединенија наречени уролитини, за кои е откриено дека штитат од воспаленија во телото. АЛА омега-3 мастите, магнезиумот и аминокиселината аргинин во јаткастите плодови исто така може да го намалат воспалението.

Оревите исто така можат да го намалат апетитот. Во добро контролирана студија на 10 гојазни луѓе, пиењето смути направено од околу 48 грама ореви еднаш дневно во текот на пет дена го намалува апетитот, во споредба со плацебо пијалок со ист број калории и хранливи материи.

Покрај тоа, по пет дена консумирање смути од ореви, скенирањето на мозокот покажало дека учесниците ја зголемиле активацијата во дел од мозокот што им помогнало да се спротивстават на примамливите колачи или помфрит.

Во источните кујни, како предјадење се користи салата од свежи краставици и ореви. Оревите се додаваат и во густите преливи за салати, кои се збогатуваат со разни салати или се служат покрај нив, а често се додаваат и во сирењата.

Слични содржини