Оскаровката во солзи : Бев силувана , до сега не сум кажала никому!

од desk2

Славната Оскаровка Мира Сорвино , една од првите жени кои го обвинија продуцентот Харви Вајнштајн за сескуален напад, сега прв пат во животот јавно проговори дека била силувана.

51- годишната холивудска актерка проговори за своето тешко искуство на конференцијата за новинари , организирана од гувернерот на Њујорк , Ендрју Куомо, кој бара да се воведат построги казни за сексуални напади.

,,Преживеав силување. Никогаш за тоа јавно не сум проговорила , но сега зборувам за да им помогнам на други жени , кои треба да знаат како со време да се изборат со траумата и чувството на срам. Јас бев силувана на состанок и чувствував срам. Се чувствував дека вината е моја , зашто требаше да бидам попаметна или да се заштитам, не требаше да одам на пијалок. Пораснав во католичко семејство и ми беше отсекогаш срам било што поврзано со сексуалноста да го кажувам јавно.” , вели Сорвино.

Tаа е меѓу првите жени кои јацвно проговорија и за нападот од продуццентот Харви Вајншатајн , кој во 1995 ја нападнал во хотелска соба за време на снимнање филм во Торонто. Ја масирал , ја бркал по собата и се обидувал да ја наведе на сексуален однос.

Таа раскажа и дека на аудиција кога имала 16 години еден режисер ја врзал за стокот и и пикнал кондом во уста. Сакал да види како би изгледала исплашено , зашто станувало збор за аудиција за хорор филм.

Слични содржини