Османи кажа до кога би можело да се очекува нов предлог од Макрон

од Берта Китинска

Француското претседателство е до 30-тти јуни. Тоа значи дека наредните денови, доколку тие се решат за нов предлог, согласно ставовите на двете страни, коишто беа и јавно објавени, ние сме тука да го процениме, кажа министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

-Доколку добиеме предлог ќе бидат консултирани институциите и ќе донесеме решение. Апсолутно нема да се водиме од хибридни напади, од разочарани политичари коишто сметаат дека можат да вратат кариера на бранот на јавното расположение, рече Османи.

Слични содржини