Османи во Букурешт на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО

од Vladimir Zorba

Од Минхенската лидерска средба, министерот за надворешни работи, Бујар Османи на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на Министри за надворешни работи, во Букурешт, Романија.

Во фокусот на разговорите на НАТО Министерскиот состанок утре и задутре, ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична поддршка од страна на земјите – членки. Воедно, ќе стане збор и за зајакнување на индивидуалната и колективна отпорност на земјите членки наспроти долгорочните предизвици со кои се соочува Алијансата.

Сојузниците ќе се осврнат и на стратешкото значење на Западен Балкан и Црноморскиот регион за НАТО и во таа насока на потребата од зајакнатата поддршка за земјите партнери изложени во поголем ризик.

Слични содржини