Отфрлена контратужбата на Трамп против писателката Џин Керол

од Stefanija Kuzmanovska

Федералниот суд во Њујорк денеска ја отфрли контратужбата на Доналд Трамп за клевета против писателката Џин Керол.

Судијата Луис Каплан во својата одлука наведе дека поранешниот американски претседател не докажал дека изјавите на Керол на Си-Ен-Ен се лажни, пренесе телевизијата.

Според Си-Ен-Ен, Трамп ја тужел Керол во јуни, откако таа изјавила: „О, да, тој го направи тоа“, коментирајќи ја пресудата според која поранешниот претседател сексуално ја нападнал, но не ја силувал.

Керол го обвини Трамп дека ја нападнал во гардероба на стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите, по што тој, во 2022 година, на својата платформа „Truth social“ нејзиниот настап го оцени како измама.

По пресудата, Трамп кажа дека доделувањето на Керол отштета од два милиони долари за сексуален напад е „претерано“, бидејќи поротата утврдила дека тој не ја силувал, додека, според него, отштетата за клевета била заснована на „чиста шпекулација“.

Слични содржини