ОТКРИЕН НОВ ВИД КОРОНА? Вирус со „уникатен сет на мутации“ се шири на Филипините

од Vladimir Zorba

Филипинските власти објавија дека е откриен нов вид на коорнавирус на Филипините, изјави за медиумите филипинското Министерство за здравство.

Здравствените власти следеа и анализираа 85 случаи на инфекција со „уникатен сет на мутации“.

Член на техничката советничка група во Министерството, Ана Онг Лим, изјави дека се чека стручна потврда, дали станува збор за нов вид на вирус или за еден од оние што веќе биле откриени во друга земја, објави „Спутник“.

Министерството соопшти дека на властите им требаат повеќе информации за видот за да го проценат нивото на ризик од инфекција и смрт.

Слични содржини