Откриени детали за бебето на Наоми Кембел: Посвојување или сурогат мајка?

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот супермодел Наоми Кембел (50) ги изненади корисниците на Инстаграм кога пред 2 дена објави дека стана мајка за првпат во 50-тата година од нејзиниот живот.

„Наоми живее во Америка со нејзиниот партнер и таа е навистина среќна. Конечно се чувствуваше како да е совршено време да стане мајка. Карантинот ѝ дозволи да малку да запре и да размислува за навистина важните работи, па реши дека е време да основа семејство“, изјави извор за странските медиуми.

Сè уште не е познато кој е партнерот на славната манекенка.

Фановите се прашуваа дали моделот го посвоила бебето или го добила со помош на сурогат мајка, со оглед на тоа што беше фотографирана со рамен стомак пред само еден месец.

Сега, за странските медиуми беше откриено дека детето го родила сурогат мајка.

Наоми избра сурогат мајка и беше со неа сите девет месеци. Пресреќна е поради проширувањето на семејството“, додава изворот.

Слични содржини