Откриено во каква состојба е пациентот заразен со делта сојот кој се лекува во Краљево

од Stefanija Kuzmanovska

Пациентот од Краљево, кај кого е потврден делта сојот на коронавирусот, е во стабилна состојба, со минимални дози на кислород и засега без дополнителни компликации.

Ова го изјави проф. Д-р Предраг Саздановиќ, директор на Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац за тамошните медиуми. Тој додава дека пневмонијата кај овој пациент се подобрува и дека станува збор за помлад маж.

Професорот д-р Саздановиќ апелира, особено до младите, да се вакцинираат, бидејќи според претходните искуства, делта сојот на коронавирусот е почест кај младата популација и е позаразен од претходните видови на коронавирус.

Саздановиќ забележува дека делта сојот е четврта мутација на основниот вирус, најчесто личи на настинка, со пневмонија, но за разлика од претходните соеви, тој не покажува симптоми на губење на чувството за мирис и вкус.

Слични содржини