Отворен македонскиот културен клуб во Благоевград под засилено полициско обезбедување

од Nikola Popovski

Низ искри на омраза и тензии во Благоевград свечено беше отворен македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

Два часа пред официјалното отворање на клубот, улицата „Димитар Димов“ каде што се наоѓа објектот, била блокирана од полицијата, јавува бугарскиот медиум „Pirinsko“.

На двата излеза од улицата, автомобилите на полицијата го блокирале патот, пропуштајќи ги само граѓаните кои доаѓале пеш.

На отворањето на клубот пристигнувале гости, медиуми од Македонија, како и свештеникот Никодим Царкњас од Грција.

На местото се појавил и лидерот на ВМРО-БНД. Ангел Џамбазки кој стоел спроти канцеларијата на клубот и организирал изложба со портрети на бугарски револуционери од ВМРО и пред медиумите изјавил дека денеска „се сведоци на отворена провокација организирана од сепаратистички организации“.

Еден од организаторите Атанас Мазнев изјави дека целта на овој клуб е да има културни мостови меѓу двете земји, а политички цели се да се признае македонското малцинство во Бугарија и бугарското малцинство во Република Северна Македонија.

На отворањето на клубот присуствуваше и лидерот на вМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и преставници на ДС, Левица, но и преставник на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Слични содржини