Отворен памптрак велодром во вториот дел од Градскиот парк

од Берта Китинска

Денеска во вториот дел од Градскиот парк за вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите, беше пуштен во употреба вториот „памптрак“ велодром. Адреналинската патека се наоѓа близу просториите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и Сточарскиот институт. Ова е втор памптрак изграден во Скопје, а првата патека лани беше отворена пред Олимпискиот базен.

Новиот памптрак полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти. Покрај патеката, реонот во вториот дел од Градскиот парк доби исоодветно осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода. За поголема пристапност до патеката беше реконструиран и големиот паркинг во непосредна близина.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на отворањето на велодромот му се заблагодари на донаторот за изградбата на патеката.

„Во овие тешки времиња соработката меѓу општествено одговорните компании и институциите може да даде квалитет во уредувањето на отворениот простор каде што граѓаните ќе можат безбедно да се движат, да се рекреираат и да се дружат“, нагласи тој.

 

 

 

 

Слични содржини