Ова е најновата одлука: Што ќе се случи со Евровизија

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) денеска објави службено соопштение во врска со подготвоките за Евровизија, која би требало да се одржи на 12,14 и 16 мај во Холандија.

ЕБУ ја надгледува ситуацијата во врска со ширењето на коронавирусот и се придружува до советите и насоките на СЗО и националните здравствени тела.

„Соработуваме со холандските надлежни тели и градот Ротердам со цел да ги истражиме потенцијалните сценарија за Евровизијата 2020. Меѓутоа, со два месеци до настанот и ситуација која брзо се менува и во Холандија и во земјите кои ќе учествуваат, се уште е прерано за донесување конечни одлуки“, се вели во соопштението.

„Имаме се предвид, продолжуваме да работиме како тим на подготовките за 65. Евровизија во Ротердам“, се наведува во соопштението.

Слични содржини