ОВА Е ПРВАТА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА КОЈА ПОВТОРНО СЕ ЗАТВОРА: Забрането излегување од градот, воведени нови правила (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Мадрид е првата европска престолнина што повторно ќе се затвори, откако лидерите на регионот денес неволно се согласија да ги почитуваат наредбите на централната влада за забрана на помалку важни патувања од и до шпанската престолнина, со цел да се спречи ширењето на вирусот корона.

Поради зголемениот број случаи, Мадрид и уште девет други околни општини ќе бидат ставени во карантин, а ќе бидат дозволени само патувања за работа, училиште, посети на лекар или шопинг, а работата на баровите и кафулињата ќе се скрати од еден час по полноќ на 23 часот.

Лидерката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајсуо, најави дека ќе поднесе жалба до судот поради карантинот, поради одлуката што ги налути граѓаните на Мадрид.

Таа рече дека нема избор, поради што решила да се согласи за карантин засега.
„Овој регион не протестира и ние строго ќе ги почитуваме сите наредби. Но, ќе одиме пред судовите и ќе се залагаме за правата на Мадрид“, рече таа.

Мадрид е главното жариште на Европа со 859 заразени со вирусот на 100.000 жители, па затоа шпанската влада донесе одлука за повторно воведување на карантин во средата вечерта.

Сите правила за карантин ќе бидат познати до петок навечер, како и кога ќе започне.

Слични содржини