„Ова ќе биде одличен турнир и без Новак Ѓоковиќ!“

од Vladimir Zorba

Рафаел Надал се подготвува за претстојниот Австралија опен со цел да стигне до својот 21 гренд слем во кариерата и со тоа барем за момент да стане најголемиот во историјата на овој спорт. Шпанецот повторно проговори во Мелбурн за сагата со Новак Ѓоковиќ во Австралија.

Шпанецот изјави дека Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но дека како поединец не е поголем од самиот спорт и турнирите како Австралија опен.

– Ќе кажам едно – сосема е јасно дека Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите играчи во историјата, без сомнение. Но, нема играч во историјата кој е поважен од натпреварувањето. Никој, ниту Роџер, Новак или јас, ниту Бјорн Борг, кој беше неверојатен во своето време. Некои играчи доаѓаат, а други, нови, доаѓаат. Тенисот оди подалеку, Австралија опен е многу поважен од кој било играч – изјави Надал.

„Кралот на земја“ изјави дека турнирот во Мелбурн ќе биде одличен без или со Новак Ѓоковиќ на него.

– Ако заигра конечно, ќе биде ОК. Ако не игра на Австралија опен, тоа ќе биде одличен турнир со или без него. Тоа е мојот став. Навистина го почитувам, иако не се согласувам со многу работи што ги направи во последните неколку недели – заврши Надал.

Да потсетиме, судењето на Новак Ѓоковиќ пред Сојузниот суд започнува во 23.30 часот по српско време. Два и пол часа подоцна треба да знаеме дали Новак ќе стартува или не на првиот Гренд слем сезонава.

Слични содржини