Озил преговара за преселба во МЛС лигата

од Vladimir Zorba

Менаџерот на германскиот плејмејкер Месут Озил работи на тоа да му најде нов тим. „Вашингтон пост“ пренесува дека д-р Еркут Согут се сретнал со претставници на клубот Ди Си Јунајтед.

Бидејќи првенството е во полн ек, трансферот ќе се случи во зима и Озил најверојатно ќе игра во САД од 2020 година.

Ди Си Јунајтед јасно бара секогаш да има sвезда во тимот за да го донесе со себе искуството на англиската Премиер лига. Оваа сезона тимот го напушти Вејн Руни, кој стана помошник тренер на Дерби Каунти.

Тимот од главниот град на САД се наоѓа на 3-то место во источната конференција на МЛС и сигурно ќе игра во плеј-офот за титулата.

Слични содржини