Пад на бројките: 870 новозаразени во последното деноноќие

од Nikola Popovski

Денешната ковид-статистика влева надеж дека мерките ги даваат потребните резултати, затоа што дојде до пад во бројките на заразени. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.844 тестирањe, а регистрирани се 870 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 368, Тетово – 78, Гостивар и Куманово – по 53, Кичево – 40, Струмица – 39, Прилеп – 29, Охрид – 28, Кавадарци– 22, Струга – 20, Битола и Дебар – по 15, Ресен – 13, Свети Николе – 12, Велес и Радовиш – по 11, Делчево – 8, Неготино – 7, Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 5, Крива Паланака, Берово и Виница – по 4, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3. Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар – 1.

Регистрирани сe 661 оздравени пациенти од: Скопје – 227, Тетово – 110, Гостивар – 72, Струмица – 64, Кичево – 54, Куманово – 43, Штип – 16, Битола – 15, Радовиш и Дебар – по 11, Кочани – 9, Ресен – 8, Берово и Кратово – по 5, Велес – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 2, Гевгелија – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.158.171 тестирање на Ковид-19.

Слични содржини