Паника во Мадрид – Англичаните го „грабаат“ Рамос од Реал

од Stefanija Kuzmanovska

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е близу до напуштање на кралскиот клуб.

Јазот меѓу Рамос и претседателот на Реал, Флорентино Перез постои веќе некое време и постојат големи шанси тој да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по 16 години.

Договорот на Рамос истекува на крајот на сезоната, а Перез му подготвил намалување на платата од 15 милиони на 12,5 по сезона до 2023 година.

Тоа не му се допадна на Рамос, кој сака исти приходи до 2024 година, поради што нема индиции дека ќе се склопи договор.

Токму затоа „алармот“ се појави во другите клубови, но и кај навивачите и самите лидери на Реал.

Манчестер Јунајтед подготвува „мега понуда“ за Рамос, а во игра е и Манчестер Сити под диригентската палка на Пеп Гвардиола, кој многу го цени шпанскиот дефанзивец.

Манчестерска „војна“ за Рамос, кој сигурно ќе ги добие сите барања во тој англиски град.

Единственото прашање е – Олд Трафорд или Етихад?

Слични содржини