Панов: Историската комисија според Протоколот се става над Уставот

од Nikola Popovski

Претседателот на Здружението на историчарите и професор Митко Панов смета дека македонската страна од Мешовитата комисија за образовни и историски прашања сега ќе се соочи со проблем кој што настанува со Протоколот со Бугарија.

-Комисијата според Протоколот сега се става над Уставот, бидејќи добива мандат кој што што го немаше со Договорот за добрососедство. Она што не е дефинирано во Договорот, сега се регулира со Протоколот. Бев запрепастен од леснотијата со која што и се дава мандат на Комисијата да биде клучниот критериум за членството на Македонија во ЕУ. Едноставно Комисијата сега е условена да ја заврши својата работа по желба на Бугарија. Завршувањето на работата на Комисијата е клучен критериум, вели Панов.

Според него, било кое чествување, не само на премиер и претседател, туку и на ниво на научни институции, ќе морат да ја следи формулацијата на Комисијата.

-Доколку Самоиловата држава е идентификувана како Бугарско царство, во ниту едно официјално чествување нема да смее да се кажува Самоилова држава, туку согласно формулациите. Ова е апсурд и без преседан. Се наметнува нешто од седум членови. Ова е погубно што една Комисија се става на поништување на сите научни институции во државата, кажа Панов во Дневникот на Тв Сител.

Слични содржини