Папата Франциск: Да го прославиме Божиќ поскромно, тоа што ќе го заштедиме да го испратиме во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск ги повика христијанските верници ширум светот на поскромна прослава на Божиќ оваа година со цел да им се помогне на Украинците со „конкретни гестови на милосрдие“.

„Убаво е да се слави Божиќ, но ве повикувам малку да го намалите нивото на трошење на Божиќ. Да го прославиме Божиќ поскромно и да го испратиме тоа што ќе го заштедиме на граѓаните на Украина на кои им е потребно“, рече папата, пренесува АП.

Од почетокот на војната во Украина, папата Франциск во неколку наврати повика на испраќање помош за Украина.

Слични содржини