Папата Франциск повика на дипломатско решение за војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск повика на дипломатско решение за војната во Украина кое ќе резултира со праведен и траен мир, по вчерашното одбележување на втората годишнина од руската инвазија.

„Толку многу жртви, толку многу ранети, толку многу уништувања, болка и солзи во период кој ужасно се одолговлекува и на кој не му се гледа крајот. Оваа војна не само што го опустошува целиот регион, туку предизвикува и глобални бранови на омразата и страв“, наведе папата во неделното обраќање.

„Се залагам за тоа да се најде онаа малку човечност за да се создадат услови за дипломатско решение во потрагата по праведен и траен мир“, истакна тој.

Папата Франциск ги повтори своите молитви за Израел, за Палестинците и за „многуте народи зафатени во виорот на војната“.

Слични содржини