Папата Франциск се сретна со руски епископ

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денеска се сретна со епископот Антониј, вториот најзначаен верски функционер во Русија, пред средбата со патријархот Кирил планирана за следниот месец.

Ватикан, сепак, не откри за што конкретно се разговарало за време на приватната средба, пренесе „Ројтерс“.

Папата треба да присуствува на конгресот на верските водачи во главниот град на Казахстан, Нур-Султан, од 13 до 15 септември, каде се надева дека ќе се сретне со рускиот патријарх Кирил.

Слични содржини