Парламентарни избори во Летонија

од desk2

Во Летонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои се очекува ниту една партија да не освои доволно гласови за самостојно да формира влада.

Покрај тоа, исходот од изборите е неизвесен и поради големиот број неодлучни граѓани. 

На изборите учествуваат 16 партии, чии 1.400 кандидати се борат за 100 места во Парламентот.

Според аналитичарите, на изборите шанси имаат партиите на руското малцинство, кое изнесува 25 отсто од околу два милиони жители во оваа поранешна советска република.

Најголемата, левичарска партија Хармонија има 24 места во Парламентот, но другите партии и забележуваат дека има премногу пријателски став кон Русија.

Слични содржини