Партијата на Џамбаски го спречила Пандов да положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Продолжила тензијата околу отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград. Како што пишува „Bg on air“ По свеченото отворање, гостите од Македонија започнале да се движат во поворка, меѓу кои бил претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

-Поворката се упати кон споменикот на Димитар Благоев, а потоа се упати кон споменикот на Гоце Делчев да положи венци и цвеќе. Имаше претставници на бугарската ВМРО, кои не им дозволија да дојдат до споменикот, пишува бугарскиот медиум.

Откако не добиле дозвола да положат цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, гостите од Македонија се упатиле кон меморијалниот комплекс на семејството на Гоце Делчев, стои во текстот.

Според истиот медиум, контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбазки и поддржувачите на ВМРО-БНД ќе ја чекаат поворката пред меморијалниот комплекс за да ги спречат луѓето да влезат во црквата.

-Десетици полицајци ја опколија црквата Успение. Некои од роднините на Никола Вапцаров се обиделе да му подарат книга на Христијан Мицковски во која пишува дека е Бугарин, пишува „Bg on air“.

Слични содржини