Партија не може да воведе евтина тарифа, ниту да укине надоместок, порача Бислимоски

од Nikola Popovski

Доколку се укине надоместокот од 200 денари за приклучок на мрежа цената на електричната енергија во првиот блок ќе се зголеми за 9,03 проценти, во вториот блок за 7,78, во третиот за 6,4 и во четвртиот блок за 3 проценти, додека цената на електричната енергија во евтината тарифа ќе порасне за 14,53 проценти, изјави денеска првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

Според него, со 200-те денари за мрежарина, граѓаните ќе бидат покомотни околу крајните сметки за струја.

Во однос на ветувањата на партиите, Бислимоски дециден дека „ниту партија вовела евтина тарифа, ниту партија може да укине надоместок за приклучување на дистрибутивна мрежа“. Како што порача, „тоа го може само РКЕ“.

-Тоа исклучително може да го направи РКЕ и тоа го правиме врз основа на факти, врз основа на бројки кои што секогаш треба да ги штитат интересите на најголемиот дел од домаќинствата, кажа Бислимоски на прес-конференција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на промоцијата на програмата „Платформа 1198“ за претстојните парламентарни избори, најави укинување на тарифата за пристап на мрежа која граѓаните ја плаќаат во сметките за електрична енергија.

Слични содржини