Секој од нас на различен начин го поднесува раскинувањето. Но, има и такви за кои патењето е само губење време.
Токму тие умеат најбрзо да застанат на нозе по раскинувањето, да преболат и да продолжат со животот, најчесто како ништо претходно да не се случило.
Според астрологијата, овие се тие тројца среќници:
ОВЕН
Овните немаат потреба да страдаат по поранешната љубов – кога еднаш е готово, готово е засекогаш. По раскинувањето, никогаш не се активни баратели на нова врска, туку само го вклучуваат својот шарм и новата љубов доаѓа сама.
БИК
Колку и да страда, не дозволува таа тага и болка да го обземе. Бикот по раскинувањето ќе си даде доволно време да запознава нови луѓе и да избира, а во новата врска ќе влезе без да влече „багаж“ од минатото.
ЛАВ
Лавовите иако се емотивни и импулсивни, кога се раскинувањата во прашање, многу се разумни. Чувствуваат болка, но повеќе поради повредената гордост. Не страдаат долго, бидејќи се свесни дека тоа се случило со причина и дека ослободиле место за нешто далеку подобро.