„Патетична бабичка“: 50 Cent ги критикуваше неодамнешните објави на Мадона

од Stefanija Kuzmanovska

Раперот 50 Cent ги критикуваше неодамнешните заводливи, но и според многумина вознемирувачки објави на Мадона на социјалните мрежи. Во таа прилика тој упати неколку навреди, нарекувајќи ја кралицата на поп музиката „патетична бабичка“.

Раперот, чие вистинско име е Куртис Џејмс Џексон Трети, објави скриншот од видеото на Мадона TikTok на кое таа ја пее песната „Vent“. Според „Page Six“, раперот тврди дека Мадона користи „рап музика за да привлече внимание“ и ја нарече „патетична бабичка“ и ги карактеризира нејзините потези како „вознемирувачки“.

Тој, исто така, ја исмејуваше нејзината песна „Like a Virgin“ и наведе дека „глуми шеесетгодишна девица“.

Мадона сè уште не се огласила по повод неговото последни навреди, но тие двајца веќе беа во конфликт во јуни оваа година.

Слични содржини