ПЧЕЛИТЕ МОЖАТ ДА ОТКРИЈАТ ЗАРАЗЕН СО КОРОНА: Методот со кој го препознаваат ги шокираше научниците

од Stefanija Kuzmanovska

Холандски истражувачи обучија пчели кои имаат невообичаено остро чувство за мирис да идентификуваат примероци заразени со ковид-19, што може да го намали времето на чекање за резултатите од тестовите на само неколку секунди.

За обука на пчелите, научниците од биоветеринарната лабораторија за истражување на универзитетот Вагенинген им давале зашеќерена вода како награда откако ќе им покажеле примероци заразени со коронавирусот, објави „Ројтерс“.

Кога им се покажувале примероци кои не биле заразени со ковид-19, пчелите не добивале награда.

Резултатите од тестот за ковид-19 се чекаат со часови или денови, додека пчелите реагираат веднаш.

Овој метод е исто така многу ефтин, што потенцијално го прави многу корисен за земјите каде тестовите многу ретко се вршат, наведоа научниците.

Слични содржини