Пејачката Сиара го очекува четвртото дете: Преку необично ВИДЕО го покажа трудничкиот стомак

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Сиара и нејзиниот сопруг Расел Вилсон ја споделија среќната вест дека пејачката е бремена.

Ова ќе биде нејзино четврто дете, а претходно ги доби синот Вин и ќерката Сиена Принцес од бракот со Вилсон, додека синот Фјучер Захир од бракот со раперот Фјучер.

Минатата недела Сиара се појави на фестивал во Лос Анџелес, но носеше широка облека, па стомакот не ѝ се гледаше. Сепак, таа реши да ја открие својата бременост, а тоа го направи со видео снимено покрај базен.

Да потсетиме, таа се омажи за Расел во 2016 година, а тој е бек на Денвер Бронкос.

Слични содржини