Пејачот без влакна на јазикот за распадот на One Direction: „Ни се смачи едни од други“

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачот и поранешен член на One Direction Зејн Малик го даде своето прво интервју по речиси шест години.

Зејн гостуваше во подкастот „Call Her Daddy“ и целосно отворено зборуваше за распадот на некогаш глобално популарниот бенд.

Тој беше првиот што ја напушти групата во 2015 година и рече дека тоа го направил намерно.

„Сосема себично сакав да бидам првата личност која ќе сними сопствена плоча“, објасни Зејн.

Откако тој си замина, групата набрзо се распадна.

„Очигледно, имаше суштински проблеми во нашите пријателства. Бевме заедно секој ден пет години и ни се смачи едни од други, да бидам целосно искрен“, вели Зејн.

Тој го издаде својот деби албум „Mind Of Mine“ во 2016 година.

„Сосема поинакво искуство е да се стои сам на сцената“, изјави пејачот.

Слични содржини