Пелегрини победи во вториот круг од претседателските избори насекаде, освен во Братислава

од Vladimir Zorba

Кандидатот поддржан од владејачката коалиција Петер Пелегрини победи во вториот круг од претседателските избори во сите региони на Словачка освен во Братислава, покажуваат официјалните изборни резултати кои денеска ги потврди Државната изборна комисија.

Пелегрини доби најмногу гласови во регионот Банска Бистрица, каде за него гласале 61,01 отсто од гласачите, пренесе ТАСР.

Само 34,02 отсто од гласачите со право на глас гласале за Пелегрини во регионот на Братислава.

Слични содржини