Пендаровски: Ако Мешовитата историска комисија не се договори за личност или настан, ќе следува ново вето од Бугарија

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски потенцира дека доколку не дојде до договор меѓу Мешовитата историска комисија за одредена историска личност или настан, може да дојде до ново вето од Бугарија.

-Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник. Тие понатаму си наоѓаат автори кои ќе напишат учебник. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот кој носи целосна одговорност дали ќе биде таа формулација. Тие ќе ја имаат на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија, изјави Пендаровски.

Претседателот смета дека тешко дека ќе дојде до две-третинско мнозинство за внестување на Бугарите во Уставот.

-Просто е невозможно да направиш две-третинско мнозинство… Во наредниот период и години, еве и денешнава опозиција кога ќе биде на власт повторно не можеш да направи самата 80 гласа за прашање за кое и ти самиот констатираш дека е преседан од невидени размери, вели Пендаровски во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини