Пендаровски до Силјановска: Повторно се служите со невистини, барам „Телма“ да ве демантира

од Vladimir Zorba

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски реагираше на пораката на неговата противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска во однос на тоа дека тој ја откажал денешната дебата, која требаше да се одржи на ТВ „Телма“.

„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на „Телма“. А можеше да научи нешто за ЕУ“, напиша Силјановска.

Пендаровски на ова одговори дека таа повторно се служи со невистини, но побара и демант од самата телевизија.

„Дебата не била закажана. Ваквите невистини нема да ве искупат за вашето реално бегање од најавената дебата на „Жешко столче“, вели кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата.

Слични содржини