Пендаровски до вработените на Инфективна: Ве охрабрувам да продолжите со исто темпо и пожртвуваност во оваа битка, сите сме со вас

од Берта Китинска

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски преку видео врска оствари разговор со директорката и со дел од вработените медицински лица на Инфективната клиника во Скопје.

Претседателот беше информиран за моменталната состојба на Инфективната клиника, за бројката на пациенти и нивната здравствена состојба, како и за сместувачките капацитети на оваа институција и за расположливиот медицински персонал.

„Вашата мотивираност, посветеност и пред се, професионалност со која секојдневно ги извршувате обврските во оваа здравствена криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, кај мене и верувам кај сите наши граѓани буди чувство на сигурност и смиреност. Ве охрабрувам да продолжите со исто темпо и пожртвуваност да се грижите за пациентите и во што поголем број целосно оздравени да ги испраќате дома кај нивните најблиски. Издржете во оваа битка, сите сме со вас“, им порача Претседателот.

Разговор со вработените на Инфективната клиника во Скопје

Издржете одговорно и професионално во оваа битка, сите сме со вас. Ве охрабрувам да продолжите со исто темпо и пожртвуваност да се грижите за пациентите и во што поголем број целосно оздравени да ги испраќате дома кај нивните најблиски. Ова им го кажав на вработените на Инфективната клиника во Скопје. Заеднички порачавме да се почитуваат мерките и препораките, бидејќи тие се за сечие добро и дека тоа е единствениот начин за побрзо да ја надминеме оваа криза.

Публикувахте от Stevo Pendarovski в Сряда, 15 април 2020 г.

 

Слични содржини