Пендаровски: Една држава не може самостојно да се бори за животната средина, мора сите заедно

од Vladimir Zorba

Во рамки на кампањата „Не игнорирај, реагирај“, претседателот Стево Пендаровски држеше говор пред ученици од осум средни училишта за животната средина и нејзиното зачувување.

„Природата извесен период не предупредува дека немаме уште многу време да ја сочуваме планетата како што ја паметиме. Лидерите на светските држави се согласија да се зголеми интензитетот на климатските активности до 2020 година. Нашата земја е потписничка на договорот од Париз според кој со намалување на загадувањето ќе се спасат милиони животи. Несомнено сите граѓани е потребно да соработуваме и иницираме активности кои се стремат кон зачувување на животната средина, пред се со намалување на јаглеродниот моноксид“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека младите му даваат надеж дека С. Македонија ќе биде уште позелена во иднина, што го натерало да даде поддршка на ваквите кампањи.

Една од иницијативите кои како кабинет ја поддржуваме е заштитата на балканскиот рис. Тој е еден од најретките видови на цицачи во Европа и се наоѓа на листата на загорзени животни. Тој е еден од нашиот национални симболи. Второ, ќе го посетиме Природно-математичкиот Факултет и ќе побараме поддршка за да направиме претседателски хербариум. Го отворивме кабинетот за граѓаните, гледаат каде работиме, каде живееме, ме прашуваат што работиме, па не би било лошо да го имаме тој хербариум наскоро и да им го покажеме. Сакаме да направиме и жива збирка на дрва кои ги немаме тука и да ги покажуваме. Сакаме да покажеме дека се грижиме за животната средина и дека и нам ни е битно“, истакна претседателот.

Според Пендаровски, иако еколошките закани се далечни, тие не познаваат граници и затоа одговорот мора да биде транснационален.

„Една држава не може самостојно да се бори со нив, мора сите заедно да ја направиме околината поздрава и воздухот почист. Не треба да се плашиме дека вложуваме во животната средина, бидејќи тоа ни се враќа нам“, додаде претседателот Пендаровски.

Слични содржини