Пендаровски ги прими членовите на ДИК

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари средба со членовите на Државната изборна комисија, која следува по вчерашната одржана лидерска средба во Кабинетот на Претседателот на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори.

Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес.

На средбата беше договорено ДИК, во текот на утрешниот ден да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот.

Слични содржини