Пендаровски: Клучна е вакцинацијата, но и борбата со лажните вести

од Nikola Popovski

Денеска учествував на виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19 „Крај на пандемијата и поставување подобри основи како подготовка за следната“, организиран од американскиот претседател Џо Бајден, информира претседателот Стево Пендаровски.

Според него, ниту една земја не може сама да ја запре оваа пандемија.

-Клучна е вакцинацијата, но и борбата со лажните вести. За да се достигне висока стапка на вакцинација на глобално ниво, сите ние треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини, изјавил Пендаровски.

Тој изразил поддршка на заедничките глобални цели за справување со пандемијата од Ковид-19, презентирани од американскиот претседател Бајден, оценувајќи ги како клучни за запирање на оваа закана.

Слични содржини