Пендаровски: Не сум преговарал за промена на границите, тоа нема да донесе стабилност на Балканот

од Viktor Jovanov

Претседателот на С. Македонија Стево Пендаровски за нон-пејперот што словенечкиот премиер Јанез Јанша го испрати до Брисел , во емисијата „Трилинг“ на 24ТВ изјави дека прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот и секоја таква идеја нема да наиде на поддршка од Европската унија.

-Единствениот пат кој води напред кон подобар живот и благосостојба на граѓаните и државата е преку исполнување на неопходните реформи, клучни за наше придружување во европското семејство, наведува Пендаровски, додавајќи дека никогаш со претседателот на Словенија Борут Пахор, не разговарал за прекројување на границите на Балканот.

Нон-пејперот, во кој се предлага менување на границите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, во средата се огласи и Европската комисија. Оттаму велат дека позицијата на ЕУ е јасна и нема ништо што треба да се промени односно дека се работи на регионална соработка и помирување, а не на нови поделби.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша  демантираше дека изработил таков документ.

Слични содржини