Пендаровски: Реформите во правосудството треба да бидат ефикасни, и тука не смее да постои селективност и толеранција

Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски денес на својот фејсбук профил, информираше за средбата во неговиот кабинет заедно со министерот за правда, Бојан Маричиќ и директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на која се разговарало за реформите во судството, но и елементите и обуките кои се во траење за подготовка на претстојниот попис, наменет да се оддржи во април годинава.
„Министерот за правда, Бојан Маричиќ и директорот на Државен завод за статистика, Апостол Симовски, ме информираа за тековните процеси на реформите во судството, и за активностите и капацитетите на Државниот завод за статистика во пресрет на спроведување на пописот.
Реформите во правосудството треба да бидат ефикасни, и тука не смее да постои селективност и толеранција. Поддршка за новата методологија за оценување на судиите, филтрирање и проверка на нивната работа.
Мора да покажеме демократска зрелост и капацитет и за спроведување на валиден и кредибилен попис“, стои во фејсбук објавата на претседателот Пендаровски.

Слични содржини