Пендаровски: Во најкус можен рок надлежните инсистуции да го решат случајот „Јавна соба“

Приватноста е уставно загарантирано право во С.Македонија.

Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски посочи дека деновиве сме сведоци на случајот „Јавна соба“, случај во кој фрапантно се крши приватноста, очигледно е понижување, сексизам и насилство, кои оставаат трајни последици во животите на девојките и жените, во изјава за МИА посочи претседателот Пендаровски.

Истото, како што посочува претседателот е казниво со закон.

„Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи. Одговорност мора да има во најкус можен рок.

Доколку не се дејствува сега, се создава можност за креирање на култура на неказнивост за кривични дела со кои се уништуваат животите на илјадници жртви. Како општество, секој од нас треба да покаже солидарност и поддршка на жртвите, да не дозволиме двојна виктимизација. Да дејствуваме веднаш“, посочи Пендаровски.

За потсетување, првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни . Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба” по преземените мерки е згасната.

Слични содржини