Пендаровски: Загадувањето ќе биде точка на следната седница на Советот за безбедност

од Hristina Nikolovska

Претседателот на државата Стево Пендаровски проблемот со загадувањето го става на високо ниво и најавува дека за овој проблем ќе се разговара на Советот за безбедност.

„Проблемот со загадувањето може да се реши само со координација и вклученост на сите надлежни институции. Затоа ќе ја интензивирам комуникацијата и координацијата со граѓанските организации коишто дејствуваат во полето на екологијата. Во мојот одговор на отвореното писмо од здружените граѓански организации и иницијативи, повикав претставници од потписниците на писмото на средба во мојот кабинет на 14.11.2019 во 13.30 часот. Исто така, проблемот со загадувањето планирам да биде точка на следната седница на Советот за безбедност. Сакам граѓанските организации да знаат дека целосно се ставам на располагање за да помогнам во активностите, да бидам гласен поддржувач на граѓанските иницијативи и своевиден мост за побрза и поефективна комуникација помеѓу надлежните институции и граѓанските организации“, пишува Пендаровски во одговорот на писмото до граѓанските организации.

Јас, како претседател на Република Северна Македонија, се ставам на располагање за да помогнам во активностите, да бидам гласен поддржувач на граѓанските иницијативи и своевиден мост за побрза и поефективна комуникација помеѓу надлежните институции и граѓанските организации.  – пишува Пендаровски во писмото.

Слични содржини