Пентагон ја забрза испораката на тенкови Абрамс во Украина

од Vladimir Zorba

Пентагон планира да ја забрза испораката на тенковите Абрамс, кои ќе и ги достават на Украина веќе оваа есен, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се обврза да достави 31 модерен тенк М1 Абрамс во Киев, по неколкумесечно одбивање, наведувајќи ја обуката и нивното одржување во Украина како проблем.

Како што рече Бајден во обраќањето од Белата куќа, тој број претставува еквивалент на еден украински баталјон.

Слични содржини